Крвав напад во словачко училиште: Маж со нож бодел луѓе, има мртви, меѓу повредените и деца (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
127 прегледи

Најмалку пет лица, меѓу кои и две деца, се повредени во напад во училиште во словачкиот град Врутка, изјави неименуван портпарол на словачката спасувачка служба.

Таа го потврди претходниот пост на „Фејсбук“ страницата на словачката полиција, во кој се вели дека неидентификуван маж убил едно лице, по што бил убиен од припадници на полицијата.

Словачките медиуми објавија дека напаѓачот прободел неколку лица, по што полицијата го убила додека тој бегал од местото на злосторството.

Во медиумските извештаи се наведува дека напаѓачот е 22-годишник кој е вработен во училиштето. Би-Би-Си јави дека повредените биле пренесени во болница.
Нападот се случи на 220 километри југо-западно од главниот град на Словачка, Братислава, а полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

 

https://www.facebook.com/policiaslovakia/posts/3419170778113120