Ксенофобија е најпребаруваниот збор на Dictionary.com

од Vladimir Zorba

Интернет речникот Dictionary.com го избра зборот на годината: ксенофобија.

Брегзитот, политичкото насилство, бегалската криза, правата на транссексуалците во Америка и американската претседателска кампања се некои од случувањата кои придонесоа за корисниците се’ повеќе да го пребаруваат овој збор.
dictionary

Речникот зборот ксенофобија го дефинира како „страв или омраза кон странците и луѓето од различна култура“, а во план е значењето на зборот да биде проширено на недопаѓање или страв од „обичаи и култура на луѓе чие потекло е различно од нашето“

Слични содржини