Куќата на Курт Кобејн во која избрши самоубиство е на продажба и чини 7.5 милиони долари

од desk2
179 прегледи

Последната година од својот живот, Кобејн се борел со зависност од хероин и депресија, неговата слава и слика во јавноста како и со притисокот од медиумите врз него и неговата сопруга.

Куќата во која живееја Курт Кобејн и Кортни Лав се продава за неверојатни 7.5 милиони долари.

Парот куќата ја купил во Сиетл во јануари 1994-та година за еден милион и половина долари. Таму тој живеел многу кратко со својата ќерка Френсис Бин Кобејн сè додека основачот на популарниот бенд Нирвана на тој имот на 5-ти април истата таа година не извршил самоубиство на свои 27 години.

Неговиот бенд Нирвана само во САД продавала повеќе од 25 милиони албуми и повеќе од 50 милиони во светот.

Угледното списание „Rolling Stone“ ја ставил групата на 27-то место на најголеми музички уметници на сите времиња, додека пак Курт Кобејн бил прогласен за 12-от гитарист на сите времиња.

Куќата има осум илјади метри квадратни и се наоѓа на 0.74 хектари земја. Има четири спални соби и четири бањи со одвоена гаража и потпорен ѕид кој бил дополнително изграден во 1999-та година.

Слични содржини