Куклата Барби со почесна модна награда

од Vladimir Zorba

Куклата Барби има долга историја во која освоила почести како модна икона. Таа ја носела облеката на речиси сите најголеми модни гиганти во светот и била инспирација за многу други. Сега нејзините заслуги ќе бидат наградени со специјална награда од Одборот на директори на годишната церемонија што ја организираше „Советот на модни дизајнери на Америка“.

Оваа награда ја освојуваат луѓе кои придонеле за модниот свет и со неа може да се пофалат многу влијателни личности – од Мишел Обама до Том Форд.

„Барби има толку големо влијание врз американската мода и култура. Со нејзината приказна можеме да се поврземе, па решивме да ја наградиме правилно“, рече Стивен Колби“, главен извршен директор на наградите.

Настанот ќе се одржи во јуни и сите со нетрпение очекуваме да ја видиме Барби на црвениот килим. Каква облека ќе носи?

Слични содржини