По прекинот на производство на легендата Land Rover Defender, оваа G-Klassа на Mercedes-Benz стана уште повеќе вредна.

Автомобилот има цела рамка со цврсти мостови и три блокади на диференцијалот е вистинска егзотика на пазарот на нови автомобили. Сепак и покрај острата конкуренција ова G-Klasse се продава добро.
Новата генерација на G-Klassа ќе се појави на виделина следната година. Тој автомобил ќе биде доста слична со сегашниот во однос на дизајн, но технолошки ќе има многу разлики.
Официјалните информации на темата дојдао од Гунар Гиутенк – шеф на проектот. Тој за Automotive News изјави дека новата G-Klassа ќе располага со независна суспензија напред што радикално ќе го промени возење на возилото. Автомобилот ќе биде значително покомфорен, а според Гиутенк тоа нема да влијае на теренецот и неговитеквалитети.
Не се малку експертите во индустријата, кои ги ставаат под сомнение овие информациик и поконкретно сметаат дека новата G-Klassа ќе биде просечен модел. Инаку, шефот на проектот рече дека новиот модел на G-Klassа ќе е со поголемо меѓуоскино растојание и ќе биде поширок за најмалку 100 мм.
Првично Новиот G-Klassа ќе се појави со послаби мотори, вклучувајќи и со 2.9-литарскиот турбодизел шестцилиндиреч мотор од S-Klasse. Потоа сепак иновацијата ќе биде дополнета и со екстремна AMG-верзија. Сите нови G-Klassа модели ќе се преполни со нови технологии на брендот, кои во моментот се вградуваат во S-Klassа.