Кумановец излетал од пат на клучката „Петровец“ и загинал на местото на несреќата

од Ивана Рамаданова
123 прегледи

Кумановец загина откако вчера на автопатот Куманово – Велес на клучката „Петровец“ излетал од патот управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, вчера во 14:30 часот, Д.Б. од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција

Слични содржини