Кумановка сакала преку уцена да се врати на работа или да добие 5000 евра

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово, поднесена е кривична пријава

од Nikola Popovski
16 прегледи

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект.

Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот.