Кунде ги договорил личните услови со Челси

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде е се поблиску до преселба во Челси.

Французинот веќе ги договорил личните услови со лондончани, по што заминал на одмор, очекувајќи за тоа време двата клуба да ја договорат сумата за трансферот, тврди „АС“.

Трансферот на Кунде на „Стемфорд Бриџ“ наводно е многу блиску до договор, иако Челси и Севиља имаат уште некои детали за разјаснување. Интерес за дефанзивецот има и Барселона, но во оваа фаза Англичаните се чекор понапред од своите ривали.

23-годишниот Кунде привлекува внимание во последните три сезони на „Рамон Санчез Писхуан“, каде што се пресели од Бордо во 2019 година. За Севиља веќе има 133 натпревари, 9 гола и 3 асистенции, а со шпанскиот тим го крена трофејот во Лига Европа во 2020 година.

Дефанзивецот стигна и до француската репрезентација, веќе има 11 натпревари за „петлите“ и беше дел од тимот што ја освои Лигата на нации во 2021 година. Во моментов неговата пазарна цена е околу 60 милиони евра.

Слични содржини