„За жал не излегов на избори вчера. Се реевидентирав во СДСМ, но сметам дека изборната постапка не е обезбедување доволно демократија и мојата одлука беше апстинирање од вчерашното гласање“, изјави поранешната претничка и членка на СДСМ, Софија Куновска за емисијата „Само вистина“.
Според неа, лидерот на партијата Зоран Заев во 2013 година кога дошол на чело, првата работа што ја направил е дека го одземал правото на членството на општинските организации самите да го избираат својот претседател.
„Тоа сметам дека е моментална потреба, која што отвора голем сомнеж дали навистина е ПР-решение или е вистинска демократија“, вели Куновска, која дополнува:
„Зоран Заев е неприкосновен претседател на СДСМ во овој момент. Која е потребата да ја зацврсти својата неприкосновеност можеме да дискутираме“.