Купување македонски производи – Можност за спас на работни места во кризата

од Aleksandar Todeski
266 прегледи

Почетните владини мерки за помош на економијата, која поради коронавирусот влезе во длабока криза беа разгледани вчера на владината седница, со низа поволности за фирмите, а кои треба да бидат прифатени и да почнат од идната недела.

Мерките предвидуваат директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија, односно со бескаматни кредити и грејс период од  6 месеци, а рок на отплата од 2 години.

Ќе се субвенционираат и придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020-та година и ова да важи од денот на користење на мерката, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година и компанијата да нема исплатено бонуси.

Од друга страна пак, директна помош кон фирмите, со цел да се спречат отпуштања на вработени може да дадат и самите граѓани. Рафтовите во продавниците се полни со македонски производи. Понудите се најразлични и ги има во буквално секоја продавница.

Со купување на производите од македонските фирми, се дава поддршка на економијата, со што би се одржувал буџетот на компаниите, кои пак ако постабилно ја издржат оваа криза, не би морале да скратуваат работни места, односно би се задржале работниците.

И фирмите кои не се загрозени од кризата можат да придонесат за ублажување на кризата и да бидат од помош за ликвидноста на буџетот, по прмиерот на Комерцијална банка АД Скопје.

Банката однапред и во целост да го плати данокот на добивка за годинава кој изнесува 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, со што ја зголеми ликвидноста на буџетот на државата во време на кризата предизвикана од коронавирусот.

Слични содржини