Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Курц: Целта е бегалците да се запрат на грчко-македонската граница

Курц: Целта е бегалците да се запрат на грчко-македонската граница

 

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека доколку одделни земји на балканската рута ја затворат границата за бегалците и Србија ќе ја примени таквата одлука на границата со Македонија.

Дачиќ, на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц нагласи дека мигрантите не можат да бидат стационирани во Србија.

images

– Важно е државите меѓусебно да се информираат во врска со мигрантите и да нема изненадувања, туку да постои предвидлива политика, истакна тој.

Австрискиот министер потенцираше дека неговата земја не може неограничено да прима бегалци, пренесува Танјуг. Курц оцени дека горната граница за прием на бегалци во Австрија оваа година е 37.500.

– Ако поставиме јасни граници за прифаќање долж западнобалканската рута ќе се создаде нова ситуација, а цел е да се запрат бегалците на грчко-македонската граница, истакна Курц, додавајќи дека одреден број австриски војници и полицајци ќе бидат распоредени на грчко-македонската граница.

СДСМ: Македонија е 13-та по беда во светот

Тој смета дека бегалците помалку ќе се одлучуваат на пат кога ќе видат дека политиката на отворен повик се променила. – Од исклучително значење е да го смениме пристапот, смета Курц.

На прашањето дали постои договор за мигрантите со возови да се превезуваат без запирање од Атина до Берлин, Курц вели дека таков план дефинитивно нема да има и оти Австрија не е подготвена такво нешто да поддржи.

– Ние размислување спротивно, да ги запреме на грчко-македонската граница. Побрз транспорт до австриската граница нема да биде решение, истакна шефот на австриската дипломатија./МИА

loading...