Курти: Направивме чекор напред, Србија чекор назад

од Aleksandar Petrovski

Косовскиот премиер Албин Курти на Твитер напиша дека Приштина со најавата за укинување на таксите од 100 отсто на увоз од централна Србија покажала добра волја.

Курти го коментираше и тоа што Сиера Леоне го повлекло признавањето на Косово.

„Дури и кога Косово покажа добра волја со тоа што ги укина таксите од 100 отсто на суровина, Србија продолжува со својата кампања против признавањето. Ние не сме пречка на патот на дијалогот и никогаш не сме биле. Ние направивме еден чекор напред, но тие направија чекор назад. Зошто?“, се запраша Курти на Твитер.

Приштина предходно наведе дека вовела 100 отсто такси на робата од централна Србија затоа што Белград работел на повлекување на признавањето на Косово.

Од друга страна властите во Белград наведуваат дека Србија никогаш не рекла дека ќе го поддржи признавањето на Косово и дека нејзино право е да работи против тоа.

Слични содржини