Курти по средбата со Лајчак: Дијалогот со Србија не е приоритет

од Nikola Popovski

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пристигна во посета на Приштина, со што започна мини-турнеја за време на која ќе ги посети и Белград и Подгорица.

Мирослав Лајчак ја имал својата прва средба во Приштина со лидерот на Самоопределување Албин Курти.

Порталот Коссев известува дека по едночасовната средба, лидерот на Самоопределување, Албин Курти, останал со својата претходна, добро позната позиција, да не брза со дијалогот.

„Нема датум, бидејќи мора да формираме влада, резултатите од изборите мора да бидат потврдени. Владата ќе има и министер за надворешни работи за сите извршни работи. Јас во принцип не сум против дијалог, јас сум за принципиелен дијалог “, рече Курти.

Тој посочил дека Самоопределување победи на изборите со својата програма која се фокусира на правдата и вработувањето.

Како што рече, списокот со приоритети не е дијалог со Белград, туку правда и обезбедување нови работни места, заедно со борбата против ширењето на пандемијата, односно епидемијата на коронавирус.

Спротивставувајќи се на Курти, најавувајќи посета на регионот минатата недела, Лајчак ја повторил пораката испратена од Европската унија ден по изборите во Косово – дека очекува дијалогот да продолжи наскоро по формирањето на косовската влада.

Лајчак ќе се сретне утре со в. д. претседател Вјоса Османи, по што е предвидено обраќање до медиумите. Тој исто така ќе се состане со политички лидери и претставници на Европската Унија.

Посетата на Лајчак следела по неколкумесечната пауза во разговорите во Брисел, падот на косовската влада, но и предвремените парламентарни избори во Косово, на кои Самоопределување извојува убедлива победа.

Лајчак ќе остане во Косово од 1 до 3 март, потоа ќе биде во Србија на 3 и 4 март и во Црна Гора на 4 и 5 март.

Пред доаѓањето на специјалниот пратеник на ЕУ, српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот се состанал со претставници на Србите од Косово и Метохија за да ги информира за состојбата пред разговорите во Брисел.

Слични содржини