Курти по усвојувањето на предлогот за прием на Косово во Советот на Европа: Голем ден за Косово

од Симе Стоиков
200 прегледи

Одличен ден за Косово по гласањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа да ја прифати нашата апликација за членство во Советот на Европа, објави на социјалната мрежа косовскиот премиер Албин Курти.

-Ова е официјална поддршка за успехот на нашата земја кога се во прашање човековите права, демократијата и владеењето на правото и уште еден чекор поблиску до полноправно членство во Советот на Европа, рече Курти.

Претседателката на Косово, Османи, рече дека во дебатата се слушнал гласот на Европејците и оти Косово има само уште еден чекор до полноправно членство.

-Благодарност до секој член на ПССЕ кој гласаше за членството на Косово во СЕ. Голема благодарност до нашата делегација и сите кои континуирано го поддржуваат народот на Косово, напиша Османи на Х.

Слични содржини