Куртоа го продолжи својот флерт со Реал по судирот со Барса

од Vladimir Zorba

Голманот на Челзи, Тибо Куртуа повторно пофлeртува со Реал Мадрид, откако беше испровоциран од шпанксите медиуми по дуелот со Барселона (1:1) од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Пред неколку недели Белгиецот изјави во друго интервју дека срцето му е во Мадрид, а сега истакна дека тогаш не бил разбран правилно. Сепак Куртoa призна дека засега неговата иднина не е јасно, иако преговара со Челзи за нов договор.

Сепак, голманот додаде дека неговиот агент ќе го ислуша Флорентино Перез во случај претседателот на Реал да го повика.

„Не сум свесен за мојата иднина. Зборовите за тоа дека срцето ми е во Мадрид не беа разбрани правилно, иако и двете мои деца се во Мадрид и тоа не е лесно. Но јас имам договор за уште една година, среќен сум и преговарам со Челзи. Тие се обложија на мене од самиот почеток и тоа не е заборавено. Не мислам дека Флорентино Перез ќе ми се јави на мене. Ќе се јави на мојот агент и тој ќе го ислуша“, изјави Куртоа пред „Ас“.

Слични содржини