Куртоа: Кога Реал игра финале, обично го добива

од Vladimir Zorba

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, одлично си ја заврши работата во натпреварот од Суперкупот на Европа против Ајнтрахт (Франкфурт), победи со 2:0. Белгискиот интернационалец изјави дека тој и неговите соиграчи имаат големо искуство на вакви натпревари и тоа им помага.

„Во текот на првото полувреме имаше две-три опасни ситуации пред нашиот гол, најмногу создадени од Камада. Генерално, игравме паметно и го добивме третото последователно финале без примен гол. Кога Реал игра финале, обично го добива. Затоа овој клуб е толку голем“, изјави Куртоа.

Белгиецот во 4 последователни финалиња одбрани вкупно 19 удари во контурата на својот гол. Од неговото време на „Сантијаго Бернабеу“, тој примил гол само во финалето на Светското клупско првенство против Ал Аин во 2018 година, но дури и тогаш кралскиот клуб се радуваше со победата од 4-1.

Слични содржини