Куртоа: Не одигравме добро, но овој пораз не ја менува многу ситуацијата

од Vladimir Zorba

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, зажали за грешката во додаденото време, по што Килијан Мбапе ја демонстрираше својата светска класа и го постигна единствениот гол за победа на ПСЖ од 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите.

„Ја загубивме топката на глупав начин, Мбапе мина низ двајца и успеа да ја протне топката. Тешко е да се прифати, но факт е дека не одигравме добро. Нашиот контранапад не функционираше добро. Овој пораз не ја менува многу ситуацијата. Го добиваме реваншот пред нашите навивачи и продолжуваме понатаму. Реваншот останува отворен“, изјави Куртоа.

Слични содржини