Куртоа: Повторно им покажавме на сите кој е крал на Европа

од Vladimir Zorba

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е дециден дека неговиот тим ги победил најсилните тимови во светот и заслужено стигнал до триумф во Лигата на шампионите. Белгиецот беше избран за играч на натпреварот во финалето со Ливерпул (1:0), откако направи неверојатни одбрани во Париз.

„Никој не можеше да не спречи за титулата денес. Беше луда ноќ! Не ми се верува! Неверојатно! Повторно им покажавме на сите кој е крал на Европа. Вчера на прес-конференцијата кажав дека кога Реал игра во финалиња, ги победува. Денеска си реков дека треба да победам во финалето, за целата моја кариера, за почитта што ја немав во Англија.

Сега сум многу среќен и горд на тимот. Кога требаше да бидам таму, бев таму. Ги победивме најдобрите клубови во светот во моментов. Манчестер Сити, Ливерпул – тие се неверојатни. Ливерпул денеска беше многу силен, но ние ја реализиравме нашата шанса“, додаде белгискиот чувар на мрежата.

Слични содржини