Куртоа: УЕФА и ФИФА мислат само на пари

од Vladimir Zorba

Голманот на белгиската фудбалска репрезентација, Тибо Куртоа, остро ги критикуваше ФИФА и УЕФА, по завршувањето на натпреварувањето во Лигата на нации.

Чуварот на мрежата на Реал Мадрид, во изјава за шпанските медиуми, рече дека Европската и Светската фудбалска федерација не се грижат за играчите, туку само за парите.

„Овој број на натпревари во сезоната е само поради пари и ТВ правата. Паузата помеѓу двете сезони е само 15 дена, што е многу малку. Следната година Светското првенство е во ноември и затоа ќе мора да играме до крајот на јуни. УЕФА е против Супер лигата, но тие не се грижат за играчите, туку само за тоа како да ги наполнат своите џебови. Од друга страна, ФИФА го планира Светското првенство на секои две години. Кога играчите би одмарале? Никогаш. Врвните играчи ќе бидат повредени уште повеќе, но се чини дека на никој не му е грижа“, рече Куртоа.

Слични содржини