Кузеска: Македонија не е распарчена, ние се уште сме Македонци

од Берта Китинска

За тоа дали имало преговори во изминатиов викенд помеѓу официјални претставници од Скопје и Софија таа  информација сигурно ја има ВМРО, ние видовме и сме сведоци дека  овој викенд помина, а Македонија не е распарчена ние се уште сме Македонци,вели Богданка Кузеска од СДСМ во емисијата Само Виситна.

Таа напомена дека се додека ВМРО води ваква политика ќе бидат опозиција.

-За измислиците кога доаѓаат од кујната на белата плата ќе кажам дека нема коментар. Индентитетот според вас го губевме и со Преспанскиот договор, Изминатиот период поради овие работи имам еден вид на молк  од нашата страна за да се направи да се врати довербата во процесот ние сме отворени за преговори, не станува збор за македонскиот јазик и индентитет ова е јасно кажано, вели Кузеска.

Слични содржини