Кузеска: Спасивме повеќе од 100.000 работни места, просечната плата повисока за 6,8%

од Nikola Popovski

Платите континуирано растат и во услови на пандемија. Така, просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари. За 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година“, информира портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа наведува дека повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните.

„Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година, е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%. Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.

Во првиот квартал од 2021 година, раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто. Покрај сите можни блокади од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, реализираните мерки дадоа резултат. Спасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400 000 граѓани и 35 000 компании“, додава Кузеска.

Слични содржини