Кузмановска не закажува комисиска расправа, блокиран Законот за отпис на долгови на граѓаните

од Aleksandar Todeski
298 прегледи

Владејачката СДСМ ја обвинува претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска дека четврти ден не закажува продолжение на седницата на која што треба да дискутираат за Предлог законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија, пишува Ден.мк.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека СДСМ во предизборниот период се обидува да ги покрие градоначалниците и директорите на јавните претпријатија, иако преку незакажувањето на седницата, опозицијата ги блокира и законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци и на физички лица.

Комисијата за финансирање и буџет, како и неколку други комисии се блокирано од страна на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да не се донесат предложените законски решенија.

„Ќе направиме се што е во наша моќ, да ги деблокираме законите и конечно да ставиме крај на натрупаните камати“, објави пред неколку дена статус на Фејсбук Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Во меѓувреме, реагираат и граѓаните, кои чекаат отпис на долговите, прашувајќи до кога опозициската партија ќе го блокира отпишувањето на долговите и трошоците на физички лица.

Покрај овој Закон, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Закон за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба. Изборниот законик пак, освен ВМРО-ДПМНЕ, го блокира и ДУИ.

Слични содржини