Квартараро повторно на пол-позиција, Маркез се повлече

од Vladimir Zorba

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата за Гран при на Андалузија во МотоГП.

Поради повредата, на споменатата трка нема да учествува сегашниот шампион од Репсол Хонда, Марк Маркез.

Квартараро ја освои втората последователна пол-позиција на Херез, каде победи минатата недела, во првата трка во првенството. Французинот беше најбрз со резултат од една минута, 37,007 секунди.

Маверик Вињалес од Јамаха го имаше најбрзиот круг, но тој резултат беше поништен откако Шпанецот излезе од патеката во седмата кривина.

Вињалес ќе стартува од второто место, бидејќи тој беше 0,095 секунди зад првопласираниот, додека возачот на Прамак, Франческо Бањаја, беше на третото место со 0,169 секунди заостанување.

Валентино Роси ќе стартува од четвртото место, а Рикардо Оливеира од Тек 3 КТМ од петтото.

Шесткратниот последователен шампион Марк Маркез реши да се повлече од трката, бидејќи се опоравува од операцијата на раката, иако се врати на патеката по само четири дена.

Втората трка во првенството, за Големата награда на Андалузија, е закажана за недела во 14 часот на Херез.

Слични содржини