Квартараро со втора победа на Херез, Роси по 15 месеци на подиум

од Vladimir Zorba

Францускиот мотоциклист и возач на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, го освои Гран-при на Андалузија во Мото ГП шампионатот.

Квартараро, популарниот „Ел Диабло“, беше најбрз на патеката во Херез со време од 41 минута и 22.666 секунди.

Зад него заврши Марк Вињалес, додека Валентино Роси го зазеде третото место.
Легендарниот Италијанец, познат по прекарот „Доктор“, на тој начин се врати на подиумот по 15 месеци и го освои 235-от трофеј во својата кариера.

Квартаро ја освои и втората трка од Мото ГП шампионатот оваа сезона, откако тој беше најбрз пред една недела на Шпанското Гран При, возено на истата патека.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се одржи на 9 август во Брно.

Слични содржини