Квартет подготвен за трансфери – кој следен ќе го напушти Челси?

од Vladimir Zorba

Заминаа Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, а Хаким Зијеч сака да ги следи, но не е единствениот.

Тој е прилично незадоволен од својот статус, има лоши односи со Томас Тухел исто како Лукаку и Вернер претходно.

Алжирецот е исфрустриран и што Милан не тргна во офанзива и се сврте кон други цели, па сега сака да слуша понуди од други клубови.

Заедно со него наскоро би можел да замине и Кристијан Пулишиќ, уште еден играч кој се повеќе паѓа во втор план под водство на Томас Тухел.

Не треба ниту да го споменуваме Маркос Алонсо, кој практично веќе си замина, само чека Барса да им ги реши проблемите околу регистрацијата на засилувањата и Челси да го официјализира неговиот трансфер за осум милиони евра.

Ниту тука не завршува, бидејќи за заминување размислува и Хадсон-Одои, кој е свесен дека и оваа сезона нема да игра многу.

Да потсетиме, Челси заедно со Вернер и Лукаку ги напуштија и Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.

Досега пристигнаа Кулибали, Стерлинг и Кукуреља, а Тухел се надева дека ќе ги добие Весли Фофана и Френки де Јонг …

Слични содржини