Квитова сведочеше за најлошиот ден во својот живот: Имаше крв насекаде

од desk2
103 прегледи

Чешката тенисерка Петра Квитова сведочеше за страшниот напад врз неа во нејзиниот дом во Чешка пред три години.

Финалистката на Австралија опен се здоби со повреда на лигаментите и тетивите на левата рака, со која игра, кога таа се борела со човекот кој ја нападнал со нож во нејзиниот стан.

– Имаше крв насекаде, се присетува Квитова во видео-обраќањето пред судот, бидејќи сакаше да избегне да се сретне со напаѓачот.

Нападот се случи во декември 2016 година, а Квитова се врати на професионалните должности пет месеци подоцна.

Квитова објасни дека ги чекала резултатите од допинг-тестот кога некој и заѕвонил на вратата. Човекот се претставил себеси како мајстор, кој дошол да го провери бојлерот и додека го правел тоа, ја зграпчил Квитова од зад грб и го потпрел ножот на нејзиниот врат.

Во борбата да се ослободи од него, таа ја повредила раката. Таа му понудила пари на напаѓачот за да замине и да ја остави на мир, и како се наведува, му дала 10.000 чешки круни.

– Врискав, нормално, додаде Квитова.

Нејзините тетиви, прсти и нерви беа оштетени, што резултираше со четиричасовна операција и тримесечна пауза. Квитова не даде изјави за медиумите, но како што изјави нејзиниот претставник, таа е среќна што целиот инцидент е зад неа.

Осомничениот Радим Зондра се соочува со 12-годишна затворска казна.