“Ла-ла Ленд” ги собра Оскарите, но за најдобар филм беше прогласен одличниот “Месечева светлина”

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Оскар за најдобар филм на годината зеде “Месечева светлина”.

“Ла-ла Ленд” ги собра Оскарите на 89-та церемонија на врачување на најпрестижните награди на Американската филмска академија во “Долби тиатар” во Лос Анџелес. Демијан Шазел зема Оскар за режија на “Ла-ла Ленд”. Филмот зеде Оскар за најдобра филмска песна  во тешка конкуренција со самиот себе – “City of Stars” го победува “Audition” од истиот мјузикл.

Тука е и  Оскарот за кинематографија на Линус Сандгрен, како и за сценографија. За играта во мјузиклот Ема Стоун собра  Оскар за водечка женска улога.

Големата награда на вечерта сепак отиде на друго место – Оскар за најдобар филм на годината зеде “Месечева светлина “. Филмот зеде Оскар и за адаптирано сценарио.

И она што беше како гаф на вечерта кога Феј Данавеј, која со Ворен Бити ја доделуваше наградата за најдобар филм, погрешно прочита дека добитник е „Ла Ла ленд“. И додека режисерот Демиен Шазел и тимот ги држеја говорите и славеја, нивниот продуцент Џастин Хоровиц ги прекина, велејќи им дека дошло до грешка и оти „Месечева светлина“ е најдобар филм.

Ворен Бити потоа додаде дека го добил ковертот со името на Ема Стоун и филмот „Ла Ла Ленд“, па се збуни и накусо запре, подавајќи и го на Феј ковертот за таа да го прочита добитникот. До забуната дојде поради тоа што за секој добитник постојат по два коверти, па на Бити и на Данавеј им бил даден оној за најдобра главна глумица, а не за филм.

Режисерот Бери Џенкинс и тимот од „Месечева светлина“ прво не можеа да веруваат што се случува, но на крајот, како што Џенкинс рече, се испадна „полудо отколку во најлудите соништа“.