Лабина! По читањето што си напишала и што другите напишаа за твоето пишување прочитај. Овој стил е соодветен за разгoворот што ти го наметна како основа.
Дали се реагирала во ресторан на лоша услуга?
Дали си реагирала на невкусно подготвена храна?
Знам дека за лошо направена фрузура кај фризерката уста не си затворила кај пријателките. Што се однесува до чевлите често ги менуваш и сигурно некои не ти се погодиле, но уште посигурно втора пат не си била да ги купиш истите.
Не знам само дали ти ги вратиле парите за лошата услуга, за слабиот квалитет или за производ прескапо платен од тоа што го нуди, односно дали си ги побарала.

Врз основа на ова е јасно немам пари да давам за да го гледам филмот, зашто после ќе морам да ги барам назад и никој нема да ми ги врати.
Со други зборови кажано како продуцент на филмот ќе банкротираш, бидејќи нема да има гледаност. На крајот од годината ќе мора да покажеш финансиски извештај пред државните органи.
Сега засега нема пари за тебе.
Секој што прави од денар два или од евро 100 евра ќе најде инвеститор, а тој што троши 2 милиона туѓи пари односно само 4% свои пари многу многу тешко ќе му биде по втор пат да им земе пари.
Лабина, исто како што се однесуваш и ти спрема угостителот, чевларот, фризерката по втор пат не влегуваш ако првиот пат производот или услугата не биле квалитетни.
Дискусијата дека филмот не е храна, чевли и облека или фризура нема да ја водам на ова ниво и на ова место зашто и филмот е производ што не значи дека готвењето, чевлите, облеката и фрузирата не може да бидат уметност.
Фејсбук статус на Славе МЛАДЕНОВСКИ