Во зимските месеци ги чувствуваме екстремитетите почесто студени и за тоа обично се одговорни ниските температури.Ракавиците, лесното растривање и миењето со топла вода може да ни помогне. 2beade6f6a3ecb540fd9da59a5f612bfНо, во некои случаи студените екстремитети укажуваат за некој дисбаланс во организмот, како што се:

Синдром на Рајна
Состојбата се карактеризира со постојано чувство на ладни екстремитети. Стеснувањето на крвните садови се забележува при изложеност на ниски температури или при емоционален стрес (најчесто). Синдромот на Рајна е патолошка состојба на крвните садови, а и носот и ушите, исто така може да бидат засегнати.

Синдромот може да биде примарен и секундарен, а при вториот се набљудуваат често и симптоми на други сериозни болести. Ладните екстремитети се забележуваат не само кај возрасни, но и кај деца. За да се намали непријатноста при примарниот синдром е важно да се избегнуваат факторите кои водат до стеснување на крвните садови.

Исто така може да се регулира и преку носење ракавици, преку редовна физичка активност, топла када, здрава храна. Ако не почувствувате подобрување важно е да се консултирате со специјалисти.

Хипотиреоза
Сe сретнува кај оние луѓе кои имаат повреда во функциите на тироидната жлезда. Хипотиреозата е состојба при која жлездата работи со намалена функција. Кај неа освен сите пропратни болести или моментални болки, страдалниците чувствуваат и ладни екстремитети. Тироидната жлезда игра улога на термостат во нашето тело, па кога не е доволно активна, таа забавува и голем број на други функции во организмот, што доведува до студенило.

Анемија
Едни од симптомите кои укажуваат на присуство на анемија се замор, главоболка, вртоглавица. Во некои случаи недостигот на железо во организмот ги намалува испораките на кислород и тоа доведува до појава на ладни екстремитети.

Низок крвен притисок
При низок крвен притисок крвотокот се пренасочува од екстремитетите кон виталните органи во телото. Затоа кај многу луѓе следува и малаксаност на студените нозе и раце. Можно е и да не знаете дека имате низок крвен притисок, па затоа е важно да го пратите често и ако е потребно да се консултирате со лекар.

Пушење
Никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и е причина за формирање на плаки во нив. На овој начин се нарушува и снабдувањето со крв на екстремитетите, кои кај некои пушачи се чувствуваат и како постудени.

Слични содржини