Лаги околу коронавирусот: Амазон забрани продажба на милион производи

390 прегледи

Амазон објави дека во минатите недели забрани продажба на милион прозиводи поради невистинити тврдења дека лекуваат болести предизвикани од коронавирусот, односно дека штитат од зарази.

Досега ширум светот од коронавирусот починале најмалку 2.800 луѓе. Првиот случај на зараза е забележан при крајот на минатата година во кинескиот Вухан, а денеска бројот на нови случаи во други земји го надминува оној во Кина.

Амазон, ставиле под лупа многу производи кои тврдат дека нудат заштита од заразата. Италијанските власти поднеле казнена пријава против овој трговци кои ги мамеле луѓето со такви тврдења, продавајќи заштитни маски и сретства за дезинфекција со зголемени цени.

Италија бележи најмногу случаи на зараза во Европа и вовела карантин во неколку градови како би го спречила неговото ширење. Бројни аптеки останале без заштитни маски и сретства за дезинфекција, па граѓаните почнале да купуваат на интернет и тоа по нереално високи цени.

Цената на маските скокнала од еден цент на 10 евра

„Цената на заштитните маски на интернет пораснала од еден цент на 10 евра, а шише од еден литар дезинвекциско средство од седум на 39 евра“, рекла заменичката на миланскиот државен обвинител.

Новинар на Ројтерст ги истражувал цените на интернет страницата, па утврдил дека трговецот на Амазон продава пакет од 10 заштитни маски за 128 долари. До неодамна, просечната цена на пакетот изнесувала 41,24 долари, според податоците на интернет страницата camelcamelcamel.com.

Додатната проверка оваа недела покажала дека производот повеќе не е достапен, наведува Ројтерс.

Амазон може да ги отстрани понудите

„Амазон не толерира „пумпање“ на цените“, тврдат во соопштението од компанијата.

Тие се повикале на политиката на компанијата според која информациите за производот мораат да бидат точно нагласени и Амазон може да ја отстрани понудата доколку утврди дека ја нарушуваат довербата на купувачот.

Тоа важи и за цените кои се значително повисоки од оние во предходниот период, на Амазон но и надвор од него.

Слични содржини