Лакосте го смени своето лого. Ова е прв пат од неговото создавање. Причината не е ребрендирање, туку соработка со СОС (спаси наши видови), меѓународен конзорциум за конзервација.
Светски познатиот француски бренд претстави десет нови дизајни на своите култни поло маички. Наместо крокодилот во зелено познат на сите, тие ќе бидат со различни животни кои најверојатно ќе исчезнат од картата на светот.
Бројот на секоја серија маички одговара на бројот на животни од засегнатиот вид што останал на планетава.
Целта на новата линија на маици е да се промовира конзервацијата на дивиот свет низ светот.
Маиците со непознатите за многу луѓе животни како игуана анегада, калифорниски кондор, суматрански тигар, вакитата, саолата, бурманската желка какапу, јавански носорог, гибонот Чао-Вит, какапу и северен лемур, веќе се распродадени. Цената по маичка е 185 долари.
Марката објави дека средствата собрани од ограничената колекција ќе одат за зачувување на заштитените видови.
Се очекува дека другите производи ќе бидат лансирани во следните неколку месеци.

Извор: Лакост