Лапорта го прави невозможното за да го задржи Чави: Остани и ќе ти го донесам

од Симе Стоиков
161 прегледи

Чави Ернандез најави дека заминува од Барселона во текот на летото, но повеќето кај Каталонците би сакал да остане во клубот.

Лапорта и потпретседателот на клубот Рафа Јусте јасно ставија до знаење дека не се откажуваат од напорите да се обидат да го натераат Чави Ернандез да ја промени својата одлука да ја напушти Барселона на крајот од тековната сезона.

„Мундо Депортиво“ објави дека спортскиот директор Деко во моментов се обидува да го убеди Чави да ја промени својата претходна одлука.

Лапорта и неговите соработници сметаат дека Чави е вистински пример за младите играчи на Барселона, дека го почитуваат исто како и ветераните во соблекувалната, а за да го убедат да остане, наводно првиот човек на Каталонците му вети на Чави дека ќе го донесе Ерлинг Халанд.

Норвежанецот е еден од најдобрите играчи на денешницата, но има договор со Манчестер Сити. Сега кога Килијан Мбапе оди во Мадрид, се верува дека Барса ќе се обиде да доведе уште еден „ѕвер“ во Шпанија, а тоа е Халанд.

Иако нивните финансиски средства во моментов се малку ограничени, Барселона реши да размисли што може да направи во однос на доведувањето на одличниот Норвежанец.

Слични содржини