Ласер во очите на Шмајхел при пеналот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Реакциите не стивнуваат по синоќешното испаѓање на Данска од овогодинешното ЕУРО. Данците беа поразени по продолженијата од Англија со 2:1.

Многу аналитичари укажаа на фактот дека втора топка беше на теренот за време на акцијата во која беше срушен Рахим Стерлинг и по која беше досуден пенал за Англија, која Хари Кејн ја претвори во гол.

Покрај тоа, се појавија и нови снимки кои покажуваат дека некој од трибините со ласер му пречел на данскиот голман Каспер Шмихел.

И покрај ласерот, тој успеа накратко да го запре ударот на Кејн, кој ја врати одбиената топка во мрежата.

Слични содржини