Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека доколку Западот ја блокира истрагата за терористичките напади на гасоводите „Северен тек“, Москва ќе размисли како да одговори на директниот напад на нејзиниот имот.
„Тоа е најбруталниот вид терористички напад кој нема да помине без истрага. Ако Западот блокира непристрасна и објективна истрага, ќе размислиме како да одговориме на овој директен напад на нашиот имот“, рече Лавров.
Претходно, првиот заменик-претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави дека Русија наскоро ќе ја објави целата кореспонденција со Германија, Данска и Шведска за истрагата со цел се да биде транспарентно.
Пољански рече и дека одреден број членки на ОН не се заинтересирани за формирање специјална комисија при светската организација која ќе спроведе независна истрага, бидејќи сметаат дека тоа не е потребно.