Лавров го критикуваше Западот, а потоа ги изнасмеа сите: Ако имате проблем со вашата сопруга, тогаш…

од desk2

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров иронично ја прокоментира праксата на Западните земји да ја обвинуваат Москва за најразлични работи преку медиумите, споредувајќи го го сето тоа со односот помеѓу сопружниците.

Лавров ги критикуваше западните сили поради тоа што не сакаат да водат директен дијалог со Русија. Тој како пример ги наведе обвинувањата на Финска и Норвешка дека Русија се мешала во работата на ГПС системите за време на одржувањето на воените вежби на НАТО.

Според шефот на руската дипломатија, учтивите луѓе своите замерки ги кажуваат лично, а не преку средствата за масовно информирање.

„Ако имате некакви проблеми или сомнежи во врска со вашата сопруга, вие ја прашувате директно нејзе, а не им се обраќате на медиумите“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Големите воени вежби на НАТО Алијансата беа одржани од 25-ти октомври до 7-ми ноември, а од Министерството за одбрана на Норвешка ја обвинија Русија за попречување на сигналите на ГПС навигацијата.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков после тоа изјави дека Западните сили тежнеат кон тоа да ја обвинуваат Русија за сите „смртни и други гревови“ и нагласи дека не знае на што се засновани таквите нивни тврдења.

Слични содржини