Лавров: САД ќе ја сметаат Русија за непријател без оглед на исходот од американските избори

од Vladimir Zorba
41 прегледи

САД ќе ја доживуваат Русија како противник, ако не и како непријател, без оглед на резултатите од претседателските избори во САД, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Без разлика на исходот од изборите, ние ќе останеме за Соединетите Американски Држави, ако не непријател, тогаш секако противник – во секој случај, конкурент“, рече тој во интервју за aif.ru, пренесе ТАСС.

Лавров рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден дал изјава за отвореноста на Вашингтон за преговори за нуклеарно оружје со Русија со цел да се поддржи кампањата на демократската кандидатка на претстојните претседателски избори Камала Харис.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.

Републиканскиот кандидат на изборите е поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Слични содржини