Македонската репрезентација одлично го започна СП 2025 во Хрватска со ремито 27:27 со Унгарија. Избраниците на Кирил Лазаров имаа шанса да дојдат до двата бода, но потфрлија во последните два напада и практично му подарија бод на фаворизираниот ривал. Сепак, селекторот е задоволен од бодот и од играта.
Во изјава по натпреварот, Лазаров истакна дека игравме против одлична екипа и тактички многу подготвена.
-Беше тешко цели 60 минути, но добро ги анализиравме и тоа го покажавме. Следна е Холандија, се надевам дека ќе го повториме овој пристап и ќе го очекуваме. Треба да бидеме задоволни, иако слободно можам да кажам дека испуштивме чиста победа. Неискуството на нашите играчи по тајмаутот, не знаеја да направат фаул, направивме техничка грешка. Да направевме прекршок, ќе го завршевме натпреварот во наша корист. Можеби требаше порано да повикам тајмаут, но тоа е тоа. Нашиот ривал денеска беше петти во минатиот шампионат, ова е страшна селекција, физички многу моќна. Горд сум на момците, на цела Македонија и на нашите навивачи. Сите покажавме како се игра за нашата земја. Ако во иднина се бориме како денес, резултатите ќе дојдат сами по себе, кажа Лазаров.
Покрај Унгарија и Холандија, Македонија за противник во групата во Вараждин ја има и Гвинеја.