Лазаров: Вардар заслужи да биде во елитата

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров упати низа комплименти за Вардар во пресрет на полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со неговиот тим Барселона.

– Ждрепката сакаше со Вардар да играме во полуфинале, Вардар заслужи да се најде во елитата, заради трпеливост, веруваше во успех. Сакам да кажам дека сите го направија тоа со знаење и никој  не победи со среќа. Победуваше Вардар, и на гости и дома. Одиграа екстра квалитетна сезона, победуваа со Флензбург РНЛ, Киелце, . Влегуваме со респект имаат различни видови на играчи, добро сме подготвени но на терен ќе видиме како ќе биде. Нека победи подобриот на терен, рече десниот бек на Барселона.

Дуелот Вардар – Барселона почнува во 18 часот, а претходно од 15 часот и 15 минути на Ф4 турнирот во Келн ќе се игра првото полуфинале меѓу Веспрем и ПСЖ.