Лажен Виталиј Кличко ги измами градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена

од Nikola Popovski

Личност која многу личи на Виталиј Кличко ги измами градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена со помош на технологијата „дипфејк“.

Градоначалниците на неколку европски метрополи биле измамени при видео повик со помош на „дипфејкот“ на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Последен во низата измамени е градоначалничката на Берлин, Франциска Гифај, кој преку видео-конференциската платформа Вебекс разговарала со личност која личела на нејзниот колега од Киев, а всушност бил некој сосема друг.

„Не постоеја никакви знаци дека станува збор за измамник од другата страна“, се вели во официјалното соопштение од нејзиниот кабинет.

Дури по петнаесет минути разговор, кога наводниот Кличко почнал да зборува за проблемот со украинските бегалци кои ја искориствуваат германската држава и побарал да ги вратат во Украина за да одат во војска, на Гифај ѝ станало сомнително.

Повикот бил накратко прекинат, при што кабинетот на градоначалникот го повикал украинскиот амбасадор во Германија, кој потврдил дека личноста со која разговарала не е Кличко, пишува „Шпигел“.

Интересно е што истиот проблем го имале и кабинетот на градоначалникот на Мадрид, по што случајот бил пријавен во полиција.

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, минатата среда на Твитер објави дека разговарал со пензиониран боксер од Украина. Твитот денеска беше избришан, а австриските власти објавија дека Лудвиг бил жртва на „сериозен случај на сајбер криминал“.

Слични содржини