Леброн Џејмс постигна 57 поени, Бостон ја продолжи победничката серија

од Vladimir Zorba
111 прегледи

   НБА вицешампионот Кливленд ја прекина серијата од четири порази во низа откако ноќеска на гостувањето во Вашингтон забележа победа со 130:122.

 

Леброн Џејмс уште еднаш беше првото име во тимот на Кливленд, постигнурајќи речиси половина од поените. Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл од 57 поени и 11 скока, а имаше и седум асистенции. Со тоа Џејмс стана седмиот играч во историјата на НБА лигата, воедно и најмладиот, кој стигна до бројката 29.000 поени во својата кариера.

Во второто дерби на вечерша Бостон славдеше победа на гостувањето кај Оклахома со 101-94, иако на полувремето домаѓините водеа со 18 поени разлика. Кајри Ирвинг со учинок од 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции, заедно со Ал Хорфорд кој имаше 20 поени и 8 скока. На „Тандерси“ не им помогнаа ниту дабл-дабл учиноците на Пол Џорџ од 25 поени и 10 скокови како Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 19 поени и 11 скока.

Ова беше седбата победа на Бостон во низа откако на стартот на сезоната „Селтикси“ ги загубија првите два натпревари.  /МИА