53
Еден од најголемите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, најави поддршка за Камала Харис неколку дена пред претседателските избори во САД. Тој го направи тоа преку видео објавено на X.
„За што воопшто зборуваме овде?? Кога размислувам за моите деца и моето семејство и како тие ќе пораснат, изборот за мене е јасен. Гласајте за Камала Харис!!!“, напиша во својата објава ѕвездата на Л.А. Лејкерс.
Џејмс има долга историја на политички активизам, вклучително и организирање бесплатен концерт за Барак Обама во 2008 година, кампања за Хилари Клинтон во 2016 година и поддршка на Џо Бајден во 2020 година.