Суперѕвездата на НБА, Леброн Џејмс ќе дебитира за Лос Анџелес Лејкерс на 18 октомври при посетата кај Портланд, соопштија од Лигата.

Најдобриот играч на светот потпиша за 4 години со „езерџиите“ за 153 милиони долари и ќе се надева да ја прекине серијата од 5 последователни порази во салата на Трејлблејзерс.
Два дена подоцна, навивачите на Лос Анџелес ќе го видат „кралот“ во „Стејплс Центар“ за првпат кога тимот ќе го пречека претендентот за тиутлата, Хјустон Рокетс.
Сезоната во Лигата ќе започне на 16 октомври со два натпревари – Бостон – Филаделфија и Голден Стејт – Оклахома Сити, а пред вториот судир „воините“ официјално ќе ги добијат шампионските прстени.
Џејмс ќе се врати со својот нов тим во Кливленд за првпат на 21 ноември и сигурно ќе биде поздравен соодветно откако ги изведе Кавалирс до титулата во НБА во 2016 година.