Благодарение на блескавата партија на Леброн Џејмс, Кливленд извојуваше тесна победа над Шарлот, Голден стејт буквално го растури тимот на Чикаго Булс.

Во еден крајно неизвесен меч во кој ниту една екипа немаше двоцифрена предност, Кливленд го победи Шарлот со 100:99.
Леброн Џејмс со трипл-дабл беше херојот на Кливленд, постигна 27 поени, имаше 13 асистенции и 16 скока. Во составот на Шарлот, Хауард реализираше 20 поени.
Голден стејт го уништи Чикаго совладувајќи го со 143:94. Стеф Кари со 33 поени беше најефикасен во составот на шампионот, Томпсон реализираше 29.
Бостон Селтикс им се вратија на победите откако со 118:103 го совладаа тимот на Орландо. Ирвинг со 30 поени беше првиот играч на Селтикс.
Резултати:
Бруклин – Портланд 125:127
Атланта – Њујорк 116:104
Бостон – Орландо 118:103
Кливленд – Шарлот 100:99
Индијана – Торонто 107:104
Минесота – Мајами 97:109
Оклахома – Детроит 98:99
Денвер – Мемфис 104:92
Феникс – Њу Орлеанс 91:115
Голден стејт – Чикаго 143:94
https://www.youtube.com/watch?v=AsOiD1v0MDw