Лего најави фигури со ликови на научници на НАСА

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

Данскиот производител на играчки Лего најави дека кутии со коцки на таа компанија наскоро ќе содржат фигури со ликови на жени кои се пионери на Американската вселенска агенција НАСА. 

Новиот сет од пет Лего фигури со ликови на стварни научници ќе биде во продажба кон крајот на 2017 година, или во почетокот на 2018 година, најави таа компанија.

Како што е соопштено, со новите фигури ќе бидат претставени научничките Кетрин Џонсон и Маргарет Хамилтон, физичарките и космонаутките Сали Рајд и Меј Џејмисон како и Ненси Роман.

Дизајнот на новинарката и писателка Маије Вејнсток победи на конкурсот, откако доби 10.000 гласови во јавно изјаснување, пренесе Би-Би-Си