Лејди Гага извиси за Оскарите: Пејачката остана без номинација

од Nikola Popovski

И покрај предвидувањата дека пејачката и актерка Лејди Гага ќе биде номинирана за најдобра актерка на претстојните Оскари, таа остана без номинација.

Конечната листа на сите номинирани за Оскар е објавена, а може да се каже дека најголемото изненадување е што Лејди Гага отпадна од листата на најдобри актерки. Оскарите наместо неа, ги „бркаат“ Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кирстен Данст, Стивен Спилберг и други ѕвезди.

Од премиерата на „Куќата на Гучи“, во која Гага ја игра главната улога – Патриша Реџиано, вдовицата на сопственикот на модната империја Гучи, обожавателите и критичарите предвидуваа дека пејачката и актерката ќе бидат номинирани за најдобра актерка.

Сепак, овие предвидувања се покажаа како погрешни.

Во 2019 година, Гага беше номинирана за Оскар во две категории – за најдобра женска улога во филмот „Ѕвездата е родена“ и за најдобра кантавторка за оригиналната песна од истиот филм „Shallow“.

Таа година Гага со себе го зеде Оскарот за најдобра песна.

Слични содржини