Лејди Гага ја претстави својата песна за филмот „Top Gun: Maverick“: „Таа е љубовно писмо до светот“

од Vladimir Zorba

Лејди Гага објави нова песна за филмот „Top Gunn: Maverick“. Пејачката и актерка на Инстаграм се огласи за нејзиниот нов сингл „Hold My Hand“ од саундтракот на долгоочекуваната филмска продукција.

„Кога ја напишав оваа песна за „Top Gun: Maverick“, не ги сфатив многуте слоеви што се провлекуваа низ срцето на филмот, низ мојата психа и низ природата на светот во кој живееме“, напиша 36-годишната пејачка.

Таа им се заблагодари на ѕвездата од филмот Том Круз, режисерот Џозеф Косински и композиторот Ханс Цимер за нивната соработка.

„Оваа песна е љубовно писмо до светот за време и по некои многу тешки времиња. Долго време сакав да ја слушнам“, напишала Лејди Гага.

„Top Gunn: Maverick“ е продолжение на оригиналниот наслов од 1986 година. Во филмот играат Том Круз, Мајлс Телер, Џенифер Конели, Ед Харис и Вал Килмер. Продукцијата, чија премиера неколкупати беше одложувана поради пандемијата, ќе биде претставена надвор од натпреварувачката програма на Канскиот филмски фестивал во мај, а во кината во САД ќе биде пуштена на 27 мај.

Слични содржини