Лејди Гага во болница со јаки болки

од desk2

Лејди Гага поради силни физички болки е во болница и го откажа својот настап на фестивалот Rock in Rio во Бразил.


„Се би направила за вас, но сега мора да се погрижам за себе“, пнапиша таа на својот Instagram профил.

Пејачката која има 31 година неодамна соопшти дека боледува од фибромијалгија која предизвикува болки и нелагодност по целото тело. Таа ги замоли фановите за разбирање и вети дека ќе го одржи настапот штом и биде подобро.

Пејачката овој месе го откажа настапот во Монтреал во Канада, а во октомври требаше да ја посети Велика Британија.

Неодамна го промовираше документарниот филм “Five Foot Two” кој веќе почна да се прикажува во САД, а 22 септември треба да почне и во Велика Британија на Netflix. Низ овој документарец Лејди Гага сакаше да ја покаже и другата страна на својата кариера.

Слични содржини