Д-р Хилари Џонс беше гостин во утринската програма „Добро утро, Велика Британија“ да даде свое лично мислење за реткиот, потенцијално смртоносен синдром што се јавува кај децата, а кој го поврзуваат со Ковид-19.
Познатиот британски лекар напомена дека е свесен дека многу родители се многу загрижени за синдромот Кавасаки, за кој во моментов пишуваат сите медиуми. Причината е што досега децата се покажаа како многу отпорни на инфекција.
– Ние еднаш рековме дека децата се доста отпорни на коронавирусот, а сега имаме извештаи за прилично сериозен синдром што ги погодува децата, што може да се манифестира на различни начини, слично како кај возрасните – лекарот започнува со својата презентација.
– Значи, осипите на телото, болки во стомакот, дијарејата, вртоглавица, се поврзани со симптомите на синдром на токсичен шок и болест Кавасаки. Кавасаки болеста е невообичаена. Тоа е воспаление во ѕидовите на средните и малите артерии низ целото тело, а нејзината причина не е позната. Се верува дека тоа може да биде резултат на реакција на вирусот – во тој случај вирусот предизвикува автоимуна реакција, а имунолошкиот систем почнува да го напаѓа телото. Синдромот на токсичен шок е отровна супстанција (токсин) од бактерии што се испушта во организмот и може да предизвика воспаление – објаснува лекарот.
Значи, тука зборуваме за многу мал број на деца кои имаат осип или други симптоми на овој синдром.
– Некои од нив завршуваат во одделенија за интензивна нега на педијатри. Сега има голема загриженост затоа што лекарите се збунети, прашувајќи се што е тоа, дали станува збор за друга, се уште неидентификувана, инфекција или дали овие симптоми се всушност поврзани со болеста Ковид-19 – објаснува д-р Џонс.
За потсетување, некои медицински експерти веруваат дека овој синдром може да биде смртоносен.
Она што загрижува е фактот дека некои деца во Велика Британија, без претходни болести, умреле од редок „воспалителен синдром“ за кој истражувачите веруваат дека е поврзан со Ковид-19, изјави во вторникот секретарот за здравство Мет Ханкок.
– Некои деца починаа и покрај тоа што немаа претходни заболувања. Тоа е нова болест за која сметаме дека е предизвикана од вирусот на корона. Не сме 100 проценти сигурни, затоа што во некои случаи, кои биле тестирани за вирусот корона, дошло до негативен резултат, па затоа сега правиме истражување – рече Мет за LBC радио.
Со оглед на тоа што тестовите покажале дека некои деца се позитивни на коронавирусот, а други не, ова е токму она што ги збунува светските експерти, кои освен во Велика Британија, пријавиле слични случаи во Лисабон, Мадрид и Ломбардија.