Лекари: претерувањето со социјалните мрежи го оштетува здравјето на младите

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Ако еден адолесцент троши повеќе од два часа дневно на Facebook, Twitter или Instagram, опасноста од ментални проблеми кај него расте.Young boy in bedroom using laptop and listening to MP3 player

Се зголемува исто психолошката непријатност и дури се јавуваат склоности за самоубиства, тврдат американските научници од Сан Диего, на кои се повикува “Тајмс оф Индија”.

Научниците го споредиле времето кое адолесцентите го поминуваат на социјалните мрежи, и извештаите за психолошката состојба која ја опишувале самите млади. Речиси 25% од нив поминувале на мрежата повеќе од два часа дневно. Во истражувањето учествувале адолесценти од 7-мо одделение нагоре.

За некои социјалните мрежи се претвораат во вистински проблем. Кај нив се зајакнува отцепувањето од реалноста и неспособноста за трезвена проценка, а исто така и чувството за анксиозност, тага, дури и исцрпеност и апатија.

Во исто време за други млади, социјалните мрежи биле и корисни. Според експертите потребно е да се користи сета моќ на социјалните врежи за психо-превенција и пропаганда на психолошката помош.