Лекарите и медицинскиот персонал од Нови Пазар со свртен грб ја дочекале премиерката Брнабиќ (видео)

од Nikola Popovski
194 прегледи

За време на посетата на Нови Пазар, лекарите и медицинскиот персонал на Општата болница од тој град им го свртеле грбот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар.

Премиерот Ана Брнабиќ и министерот за здравство Златибор Лончар ја посетиле Општата болница во Нови Пазар, со цел да ја видат состојбата во тој град во врска со епидемијата на коронавирус, а биле дочекани од министерот Расим Љајиќ.